Огнениот облак што се појави пред земјотресот во Турција сега е снимен над друга земја (ФОТО)

Необичен црвен облак беше снимен на небото над Турција две недели пред разорните земјотреси што ги погодија таа земја и Сирија на 6 февруари.

Снимката од црвено-портокаловата формација е направена на 19 јануари, а фотографиите и видеата ги преплавија социјалните мрежи.

Облак со речиси иста боја и форма сега е снимен на небото над Аргентина. Забележан е на 11 февруари над аргентинската провинција Чубут.

Тоа е природен феномен кој им е добро познат на научниците. Ова се навидум неподвижни облаци кои се формираат како шеќерен памук.

Тие често се појавуваат над планини или врвови, кога воздухот, во судир со карпите при силен ветер, се крева и истовремено се лади.

Ако е влажен, доаѓа до кондензација и термичка инверзија, со што се создава облак. Тој воздух ќе го помести веќе постоечкиот на врвовите, кој потоа се спушта и во таа интеракција се создава надреален облак како овој.

Се случува такви формации да се формираат дури и на помали височини, на препреки направени од човек – на пример, над високи згради.

Единственото нешто што ги прави „опасни“ е тоа што создаваат нестабилни услови и турбуленции за летови на авиони.

14.02.2023 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега