Одрон на делниците на автопатот Скопје - Велес: Екипите се упатуваат на местото на настанот

 

На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницате на автопатот Скопје - Велес,  кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“, штотуку информираа од Центарот за управување со кризи за Прес 24.

„Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место. Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат. Во комуникација со раководството на јавните претпријатија, дознаваме дека во моментот две екипи од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот“, изјавија од ЦУК.

Повеќе информации се очекуваат наскоро, по што ќе информираме дополнително во текот на вечерта.

04.04.2023 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега