Одобрени урбанистичките проекти за патните делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани

 

На денешната владина седница донесени се одлуки за одобрување на урбанистичките проекти за патните делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, кои се дел од Коридорот 8.

- Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 8, делница на автопат: Тетово – Гостивар. Во оваа фаза, предмет на овој Урбанистички проект се 15.4 км од вкупната должина. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти. Вкупната должина на автопатската делница Тетово – Гостивар е околу 17.5 км, информираа попладнево од владината прес-служба.

Со урбанистичкиот проект за делницата на автопатот Гостивар - Букојчани опфатени се  8,43 километри од вкупната должина, а останатиот дел ќе биде разработен во следните фази на проектирање. Вкупната должина на автопатската делница Гостивар - Букојчани е околу 30,4 километри.

- Овие урбанистички проекти се изработени согласно Законот за урбанистичко планирање, Правилникот за урбанистичко планирање и останатата законска регулатива, којашто е релевантна за проектниот процес и реализација на проектот, велат од Владата. 

27.10.2023 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега