Од фотографијата од затворот, Трамп заработил 7,1 милион долари
Изборниот штаб на Доналд Трамп соопшти дека се собрани 7,1 милион долари од червртокот наваму кога поранешниот претседател на Америка беше фотографиран во затворот во Џорџија.
Како што се наведува, најголемиот дел од парите е од продажбата на предмети поврзани со фотографијата на Трамп од затворот отпечатена на нив, како маички, шолји и термоси, пишува Би-Би-Си.
Инаку, Трамп беше пуштен со кауција да го чека судењето под обвинение дека се обидел да ги поништи изборните резултати во Џорџија во 2020 година.
Тој се соочува со уште три тужби, од кои две се поврзани со неговите лажни тврдења дека минатите избори се украдени и поради нападот на неговите приврзаници на Капитол во Вашингтон.
Поранешниот американски претседател, кој е во трка за уште еден мандат, ги демантираше обвинувањата и тврди дека судските случаи против него се политички мотивирани и можност повторно да се соочи со актуелниот претседател Џозед Бајден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа