Од 22 до 28 јануари ќе се избере техничка Влада, нов пратеник и претседател на Собрание
Во периодот од 22 до 28 јануари ќе се разгледува избор на техничка Влада, но и нов претседател на Собрание, како и избор на нов пратеник. Изборот на член за Државната изборна комисија и бојкотот од шест пратеници – засега не е прашање кое ќе се стави на маса пред пратениците. Воедно, во Собранието нема да има пратенички прашања.
„Констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрание, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседател на држава за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и допопнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник од ИЕ 5“, велат од Собранието.
Јавноста ќе биде известена за сите активности.
„Допопнително, информираме дека седница за пратенички прашања нема да има до крај на овој мандат. Првата седница за пратенички прашања ќе се одржи по 100 дена мандат на Владата избрана на парламентарните избори“, додадоа од Собрание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа