Објавени вознемирувачки фотографии од убиените мечка и две мечиња во НП „Маврово“

 

Во близина на селото Жировница, изутрината ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронашла отстрелани мечка со две мали мечиња. Случајот е пријавен до сите надлежни институции, кои во моментов се на терен.

Случајот на денешната прес конференција го објави директорот на Државниот инспекторат за заштита на животна средина Сретен Стојковски.

Од ДИЖС информираа дека на терен е виш инспектор, и заедно со колегите од Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите надлежни инспекторати работат на утврдување на причините за смртта на мечките.

Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно под трајна заштита на државата и не смее да се лови.

Неодамна жителите на Галичник јавно се пожалија дека мечки слободно шетаат по селото и побараа интервенција од државата, стравувајќи за животот на луѓето.

30.08.2023 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега