Објавена аудио снимка од интензивниот руски напад врз Киев

 

Руските сили синоќа го нападнаа Киев со беспилотни летала, ракети и проектили, а официјални лица во главниот град нападот го опишаа како исклучително интензивен.

Утрово украинската армија се пофали дека ги соборила сите лансирани ракети и беспилотни летала.

Украинката Јулија Тимошенко, која работи за хуманитарната организација Свети Џавелин, синоќа објави аудио снимка од звуците кои можеа да се слушнат во Киев.

„Мислам дека ова беше една од најгласните ноќи во Киев“, објави таа покрај видеото на Твитер, пренесе „Индекс“.

 
16.05.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа