Обид за кражба на црква во Радовиш, нападнат и клисарот

 

Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш, извести МВР.

„Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото“, соопшти МВР.

Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

11.06.2024 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега