Нуспојава на мерките преземени поради Ковид: Нѐ очекува ли нова финансиска криза како таа во 2008 година?
Светот би можел да се соочи со финансиска катастрофа која може да се спореди со кризата од 2008 и 2009 година поради проблемите кои се насобраа во последните 18 месеци, како нуспојава од мерките кои ги преземаат владите во борбата против Ковид-19.
Тоа го објави Централната банка на Русија која во средата го претстави нацрт извештајот од монетарната политика. Според институцијата, светската економија би можела да влезе во кризно сценарио поради зголемувањето на глобалниот долг во земјите и сѐ поголемиот број на компании со слаба финансиска сила.
Според нацртот, банката развила четири одвоени сценарија за блиска иднина, до 2024 година. Според така нареченото "основно сценарио", рецесијата се избегнува бидејќи земјите ги постигнуваат своите цели во поглед на вакцините, а напредната економија преминува на нормализација на монетарната политика.
Меѓутоа, други три можни сценарија создаваат кајно мрачен развој на настаните. Во првиот случај, пандемијата значајно го влошува економскиот колапс ширум светот. Во втор случај, пандемијата се подобрува, но натрупаните проблеми за време на пандемијата значително ја влошуваат економската ситуација предизвикувајќи пораст на инфлацијата. Трето, нормализирањето на монетарната политика од страна на напредната економија ја следи нестабилна динамика на финансискиот пазар, предизвикувајќи недостаток на доверба кај инвеститорите. Ова е најлошото од трите негативни сценарија.
Руската економија страда од високата инфлација, која моментално изнесува 6,5%. За инфлацијата се вели дека главниот виновник за значајното влијание на животниот стандард на земјата се претстојните парламентарни избори.
Во јули гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина откри дека институцијата ќе го зголеми својот процент со цел својата клучна каматна стапка да ја направи да биде соодветна со годишната стапка на инфлација од 6,5 %, во обид да го зголеми штедењето и обесхрабри задолжувањето. Банката сака да ја намали оваа цифра на 4%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа