Нови шест потврдени случаи на заразени со салмонела во Берово

 

Центарот за Јавно здравје од Кочани, денеска потврди уште 6 нови случаи на заразени со салмонела во Берово.

Со тоа вкупниот број се искачи на 11, откако минатата недела дечиња од беровската градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.

Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утреизјави Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

05.02.2024 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега