Нови Сад: Уапсено 14-годишно девојче - се заканувало на своите соученици

 

 

14-годишно девојче од Нови Сад е уапсено откако им се заканувала на своите соученици и на социјалните мрежи го поддржувала масовниот убиец од Белград, Коста К.

Како што пишуваат српските медиуми, девојчето заработило и 30-дневен притвор.

„Малолетничката, заедно со кривичната пријава е изведена пред надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој по рочиштето ѝ одреди мерка притвор до 30 дена. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кривични дела загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред и недозволено изработување, држење, носење и промет со оружје и експлозивни материи“, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата извршила и претрес во собата на девојчето, каде што пронашла куршум од непознат калибар.

15.05.2023 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега