Нови отпуштања во „Филипс“: Компанијата укинува уште 6.000 работни места

 

 

Холандската групација „Филипс“ објави дека ќе укине 6.000 работни места до 2025 година, по загубите поврзани со повлекувањето на вентилаторите што се користеа за елиминирање на тешкотиите со дишењето за време на спиењето.

Новите кратења на работната сила, опишани како „тешки, но неопходни“, се надополнуваат на кратењата на 4.000 работни места што „Филипс“ ги објави во октомври, рече извршниот директор Рој Џејкобс.

Половина од најавените кратења ќе бидат годинава, а другата половина ќе се реализираат до 2025 година, соопштија од компанијата.

Компанијата се обидува да се справи со повлекувањето на милиони вентилатори што се користат за апнеја при спиење и стравува дека пената што се користи во уредите може да стане токсична. Поради тие отповикувања, нејзината пазарна вредност падна за 70 отсто.

30.01.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега