Нови дојави за бомби и денеска: Се евакуираат 12 школи во Скопје и едно во Прилеп
Родители на деца од училишта во Скопје и Прилеп утрово добија пораки да си ги земат деца поради нови дојави за бомби.
МВР е на терен за антитеросристички проверки, а учениците се евакуираат.
„Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.
22.02.2023 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа