Нови цени на горивата вечерва по полноќ
Регулаторната комисија за енергетика денеска на состанок ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.
Во петокот, РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот се зголеми за 2,50 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство за 3,00 ден/лит.
Цените на бенизните и мазутот останаа непроменети.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм).
По завршувањето на состанокот, дополнително ќе информираме за новите цени кои ќе важат од вечерва по полноќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа