Новак Ѓоковиќ утрово опериран во Париз

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово имаше операција на коленото во Париз, пренесува Газета дело спорт.

Ѓоковиќ вчера реши да се повлече од Ролан Гарос, откако го повреди менискусот на десното колено на осминафиналето против Аргентинецот Франциско Серундоло.

Ѓоковиќ во понеделникот го совлада Серундоло со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3, но по вчерашните дополнителни прегледи реши да се повлече од турнирот поради повреда.

Италијанските медиуми пренесуваат дека српскиот тенисер ќе биде надвор од терените три недели поради операција, поради што најверојатно ќе го пропушти Вимблдон.

05.06.2024 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега