Нова инвестиција во ООУ „Лазо Ангеловски“ – училиштето доби енергетски ефикасно ЛЕД осветлување

 

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, доби целосно ново Лед осветлување. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 50.000 евра, реализирана од Општина Аеродром со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП. Проектот беше спроведен низ транспарентен процес и повеќе форумски сесии, во кои граѓаните даваа свои предлози, а потоа како приоритетен го избраа проектот за енергетски-ефикасно осветлување во ова основно училиште.

Проектот опфаќа реконструкција и обнова на електротехничката инсталација, при што застареното флуоресцентно осветлување се заменува со ново и модерно ЛЕД осветлување. Со оваа промена и поставување на енергетски ефикасно осветлување, ќе се намалат трошоците за електрична енергија, се отстрануваат сите опасности како УВ зрачењето и се поставува осветлување кое не содржи токсични материи.

Оваа вест на својот Фејсбук профил ја сподели градоначалникот Тимчо Муцунски, кој изрази благодарност за вклучувањето на граѓаните, но и партнерите од УНДП за креирање на побезбедна и поздрава средина за едукација и работа на учениците и наставниот кадар.

25.01.2024 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега