Нов кралски скандал: Шок во болницата во која се лекувала принцезата Кејт Мидлтон
Во болницата каде што се лекувала Кејт Мидлтон се случи повреда на безбедноста – персоналот е обвинет дека се обидел да пристапи до нејзината приватна медицинска документација, пишува „Дејли мејл“.
Шефовите на клиниката во Лондон, каде принцезата од Велс беше подложена на планирана операција на абдоменот во јануари, започнаа истрага откако се тврди дека најмалку еден член на персоналот се обидел да пристапи до кралските белешки.
Еден инсајдер изјавил за британско „Мирор“: „Ова е голема повреда на безбедноста и е неверојатно штетна за болницата, со оглед на нејзината неизвалкана репутација во лекувањето на членовите на кралското семејство“.
„Високите болнички шефови ја контактираа палатата Кенсингтон веднаш откако им беше скренато внимание на инцидентот и ја уверија палатата дека ќе биде спроведена целосна истрага. Целиот медицински персонал е крајно шокиран и вознемирен поради обвиненијата и длабоко повреден што наводно доверлив колега може да биде одговорен за таквото прекршување на довербата и етиката.“
Истрагата доаѓа среде бројните шпекулации за неоткриената здравствена состојба на принцезата, за која Кенсингтонската палата соопшти дека ќе биде објавена во јавност по Велигден.
Теориите на заговор кои кружат за Кејт на интернет вклучуваат дека таа е мртва, дека е заменета со двојничка или дека бракот со принцот Вилијам е во криза.
Истрагата на болницата доаѓа откако во понеделникот се појавија видеа и фотографии од Кејт и принцот Вилијам кои ја посетуваат фармата во Виндзор.
Се вели дека Кејт знаела за наводниот инцидент. Портпаролот на палатата рекол: „Ова е работа на клиниката во Лондон“.
Тоа е кривично дело за персоналот во која било НХС или приватна здравствена установа да пристапува до медицинската документација на пациентот без согласност на контролорот на податоците на лекарот.
„Мејл онлајн“ ја контактирал Мет полицијата, но тие не одговориле на обвиненија. Лондонската клиника одбила да ги коментира тврдењата, но изјавила за весникот дека цврсто верува „дека сите наши пациенти, без оглед на нивниот статус, заслужуваат целосна приватност и доверливост во однос на нивните медицински информации“.
Лондонската клиника, каде што принцезата од Велс се лекуваше на почетокот на оваа година, првпат ги отвори своите врати во 1932 година. Нејзината листа на познати пациенти ги вклучува принцот Филип, принцезата Маргарет, холивудската ѕвезда Елизабет Тејлор и американскиот претседател Џон Кенеди.
Клиниката е водечки центар за лекување на рак кој прима пациенти за хемотерапија, радиотерапија и други третмани. Од 1980-тите, членовите на кралското семејство отворија бројни објекти на таа локација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа