Нов гаф на Бајден: Ја стави раката на срце при интонирање на индиската химна, видеото хит на социјалните мрежи

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го пречека индискиот премиер на црвениот тепих пред Белата куќа, сето тоа во обид да ги подобри односите меѓу Индија и САД со одбранбени и трговски договори во време на се понаметливата Кина.

Сепак, ништо немаше да биде необично доколку американскиот претседател не направеше гаф, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит.

Имено, Бајден ја крена раката и ја стави на срцето на првите звуци од интонирањето на индиската национална химна. Набрзо сфати дека тоа не е американската, па полека почнал да ја спушта раката по телото.

Во еден момент Бајден му се обратил на Моди со „претседател“, а потоа брзо се поправи и му се обрати со „премиер“.

23.06.2023 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега