Нов бран дојави за бомби: Евакуирано основно училиште во Белград
Дојава за поставена бомба е испратена утрово во основно училиште во белградската општина Земун, јави МИА од Белград.
Дојавата за поставената бомба пристигнало на електронската пошта на училиштето Гаврило Принцип, а учениците се безбедно евакуирани надвор од зградата.
Во тек е полициска проверка.
01.04.2025 - 09:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа