Норвешка отпушти 30 членови на Кралската гарда зашто употребувале дрога

 

Триесет припадници на Норвешката кралска гарда ќе бидат отпуштени од службата поради употреба на дрога додека се на одмор, соопштија денеска вооружените сили на Норвешка.

Армијата добила информација дека некои регрути користеле дрога на забава летово. Петмина од нив веднаш признале дека тоа го направиле, а подоцна уште 25 го признале истото.

Сите 30 регрути биле членови на единицата на Кралската гарда на Неговото Височество, објавија норвешкиот јавен сервис НРК.

Портпаролот на норвешката армија Браге Стајнсон Вик-Хансен изјави дека регрутите ќе бидат отпуштени од армијата.

Кралската гарда го штити норвешкото кралско семејство. Нејзините членови секојдневно ја менуваат стражата пред кралската палата во Осло.

Единицата извршува должности и за време на некои посебни прилики, како што е доделувањето на Нобеловата награда за мир.

17.08.2022 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега