Нормализиран сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје

 

Нормализиран е сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје, што беше во прекин утринава од 7 часот, поради излизгување на еден вагон од патничкиот воз кој сообраќаше на релација Гевгелија – Скопје кај „Кадина Река“, информираа за МИА од „ЖРСМ Транспорт“.

Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени и пристигнале во Скопје во 8:35 часот, велат од „ЖРСМ – Траснпорт“.

– Линијата е во функција од 11:30 часот. Причините за вонредниот настан ќе ги разгледува Комисија составена од членови од „ЖРСМ Транспорт“ и „ЖРСМ Инфраструктура“, наведуваат од компанијата.

Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје во кој се превезувале 150 патници, утринава околу 7 часот се излизга од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инциднетот нема повредени патници.

09.01.2023 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега