Исчезнато детенце пронајдено мртво - уште една жртва во Варна

 

Во населбата Аспарухово во Варна утрово беше пронајдено телото на едно дете, кое беше прогласено за исчезнато за време на минатонеделните поплави што зафатија делови на овој бугарски приморски град.

Како што јави БТА, по извршената обдукција утврдено е дека откриеното тело му припаѓа на шестгодишното дете кое од 19 јуни се водеше како исчезнато.

Со денешната жртва бројот на загинатите од поплавите во Бугарија се искачи на 14 лица, од кои дури 13 се од населбата Аспарухово во Варна.

Детето чие тело беше откриено денеска беше последното лице кое се уште се водеше како исчезнато по минатонеделните поплави. 

26.06.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега