Груевски денеска ќе се “растрча“ низ Велес

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општина Велес.

Премиерот во 11 часот ќе изврши увид во градежните работи на реконструкцијата на мостот „Гемиџии“, а веднаш потоа ќе присуствува на промовирање на завршениот  проект за модернизација на теренот на Градскиот стадион во Велес.

Во рамки на неговата посета на Велес, Груевски ќе присуствува на промоција на новоизградениот парк „Васил Главинов“ и секако, ќе присуствува и на пуштање во употреба на новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“.

26.06.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега