Македонската филхармонија прв пат настапи во Дебар
Македонската филхармонија синоќа прв пат гостуваше во Дебар. Дебарчани ја наполнија концертната сала во Центарот за култура и имаа можност да проследат дела на Росини, Дворжак, Брамс, Петровски, Штраус, Маскањи, Офенбах, под дирогентската палка на Борјан Цанев.
- Навистина ова беше една прекрасна вечер. За нас беше единствена можност да присуствуваме на еден концерт од областа на сериозната музика. И така имаме ретко културни настани, а овој беше вистински раритет за паметење, вели Атли Дема.
Настапот во Дебар е во рамките на востановената практика на Филхармонијата, по завршувањето на концертната сезона да одржува концерти низ градовите во Македонија.
Денеска Филхармонијата ќе одржи концерт во Струга, а потоа предвиден е настап и во Валандово, како и настапи на фестивалот „Охридско лето“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа