Да му помогнеме на младиот Еркан - донаторска изложба во Галеријата „КО-РА“

 

 Ј.У Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, денеска во 13 часот организира голема донаторска изложба на ликовни дела од продажен карактер. Средствата кои ќе бидат собрани се наменети за итно лекување на 22-годишниот Еркан Ќахили во Народна Република Кина, каде треба да се направи трансплантација со матични клетки.

Во Големиот салон на галерија „КО-РА“ при Домот на култура „Кочо Рацин“, ќе бидат изложени дела на голем број истакнати македонски ликовни уметници кои тие ги донираа за оваа намема, како Решат Ахмети, Данчо Ордев, Бурхан Ахмети, Новица Трајковски, Маја Рауник К., Агрон Абдули, Трајче Блажевски, Марија Светиева, Наташа Станковска З., Радослав Марковиќ, Ленче Коцевска, Билјана Цветковска, Владимир Талевски, Тана Танеска, Луси Хуи Т., Васка Опелоска, Анастас Дудан, Димитар Поп Марков, Валентина Петровска, Даниела Велеска, Марика Ванчева..... Делата се работени во повеќе техники и во различни формати. 

На изложбата ќе бидат изложени и икони од Марјан Љушев, Пецо Трајановски, како и резба од Благица Србиноска, Владимир Благојевиќ. 

На свеченото отварање на изложбата предвиден е и мал камерен концертен настап на музичарите кои сакаат да ја помогнат оваа хумана акција. 

26.06.2014 - 08:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега