Billy Idol утре ќе го запали Скопје

 

Сите подготовки за големиот концерт на легендарниот Billy Idol кој ќе настапи на овогодинешниот фестивал „Скопје Гори 2014“ кој ќе се одржи на 27ми јуни на Скопско Кале – Open Air се во завршна фаза, информираат денеска од Авалон продукција.

Вратата на концертниот простор се отвара уште во 19 часот, а прогресивниот македонски бенд „The Protagonistкој ќе го отвори фестивалот на сцена ќе биде во 20 часот. Како што претходно ве информиравме, бендот „The Protagonist“ е оформен во 2010 годинаод страна на: Р.С.Рашвокал/гитара и пиjано, Кузмангитара/клавијатури/програмирање и пиjано, Едмондпрограмирање/клавијатури и ефекти. Нивниот деби албум “No Exit Museum”, кој треба да се појави оваа годинае мастериран од странана Simon Heyworth (Nick Cave, Mike Oldfield, Brian Eno, Depeche Mode, Simple Minds..)

Како специјален гостин на Billy Idol, на сцената ќе се појави нашата супер група „ТЕМПЕРА“. Супер групата „Темпера“ е оформена 2013 година во Скопје,а во неа членуваат музичари со огромно искуство,кои учествувале или соработувале со најголемите и најкултните македонски бендови: Архангел,Мизар,Кисмет,Влатко Стефановски Трио...

Драган Гиновски - Гино – гитарист и композитор, Ѓоле Максимовски –бас гитара и композитор, Мите Димовски –тапанар/композитор/ аранжер/ продуцент, Тања Тас - вокали текстописец.

„ТЕМПЕРА“ на бина ќе бидат во 21 часот, пристигнуваат од Белград кадешто имаа фантастичен настап како специјални гости на Billy Idol на фестивалот „Belgrade Calling 2014“. Ќе го промовираат својот деби албум „ИГРАЈ!“ кој што македонските и балканските критичари веќе го сместија во еден од најдобите за оваа година.

Финалето на рокенрол маратонот на Скопско Кале – Open Air му припаќа на една од најголемите рокенрол ѕвезди во историјата, неповторливиот Billy Idol кој на големата сцена на овогодинешното „Скопје Гори“ ќе се појави во 22:00 часот.

„Дали сте спремни за рокенрол, јас сум! Дали сте спремни за сериозно рокенрол доживување под отворено небо, ќе биде жешко во Скопје, жешко на Скопското кале“, со овие зборови Billy Idol испрати поздрав до сите фанови кои планираат да дојдат во петок вечер на Скопско Кале – Open Air на овогодинешното „Скопје Гори“.

„Иако настапуваме со Billy Idol и во Белград, секако дека настапот во Скопје за нас како бенд е повозбудлив, затоа што ќе настапуваме пред сопствена публика која не знае и не следи со години. Ќе го свириме целиот материјал од албумот „Играј!“. Во Белград ќе ги браниме боите на Македонија, а во Скопје сме домаќини. Компатибилни сме со Били Ајдол во музичкиот израз, во гитарските рифови. А ако Били Ајдол го има Стив Стивенс, ние го имаме Драган Гиновски -Гино“, изјави Мите Димовски од „ТЕМПЕРА“.

Своето задоволство не го кријат ни младите „The Protagonist“ – „ Чест ни е да настапуваме на иста сцена со Billy Idol. Ќе го промовираме нашиот прв албум, кој е семиконцептуален и кој треба да се појави оваа година.

Влезниците по цена од 1000 денари – ПАРТЕР и 1500 денари – ФАН ПИТ се во продажба преку продажната мрежа и online на www.kupikartizase.com како и преку продажната мрежа ма мк.тикетс и сите салони на ОНЕ.

-Апелираме и замолуваме, сите посетители кои ќе присуствуваат на концертот на Billy Idol, да дојдат порано со цел да се избегнат гужви и доцнење, а исто така своите автомобили да ги паркираат во центарот на градот, со цел побезбеден и поорганизиран пристап до влезовите на Скопско Кале, велат од Авалон продукција.

26.06.2014 - 08:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега