Нови преговори во септември - барањето за техничка влада отпаѓа?

 

Нови преговори меѓу Груевски и Заев може да се очекуваат некаде во септември. Доброупатени извори за Press24 брифираат дека по крајот на летото, во присуство на странски олеснувач најверојатно ќе продолжат преговорите меѓу двајцата лидери, меѓутоа, тогаш, барањето за техничка влада, воопшто нема да биде на маса.
Извори од СДСМ велат дека Заев веќе им соопштил на своите сопартијци дека преговорите најверојатно ќе продолжат по летото, но не соопштил детали, дали во септември, опозицијата повторно ќе излезе со барањето за техничка Влада.
Во ВМРО-ДПМНЕ не изнесуваат повеќе информации. Велат дека по разговорите со Заев, заседавал Извршниот комитет на партијата кој констатирал дека барањето за техничка влада не може да биде прифатено.
И еспертската јавност е зачудена од барањто на СДСМ за техничка влада, особено ако се има предвид дека изборите беа пред два месеци и на нив, ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа.

26.06.2014 - 00:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега