Ожнеано нелегално посеано жито во Неготинско
На државна нива во Неготинско, во близина на Центарот за воена обука Пепелиште, денеска беше ожнеано жито коешто некој нелегално го посеал. Акцијата се одвиваше во присуство на инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство и од полицијата.
Станува збор за узурпирани 22 хектари земјоделска земја. Надлежните институции нагласуваат дека нема да се толерира бесправно користење на државното земјиште.
- Упатуваме јасна порака до сите кои сакаат државното земјиште да го користат бесправно и да го узурпираат, дека родот од таквите земјоделски површини и припаѓа на државата. Тоа е во согласност со законот затоа што ние сме должни да го штитиме имотот на државата кој не е село без кучиња. Политиката на Владата и Министерството за земјоделство е државното земјоделско земјиште да се доделува на користење поприфатливи цени под концесија, изјави директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа