Бугарија: По 5.000 евра ќе добијат семејствата на загинатите во поплавите

Семејствата на 13-те загинати лица во поплавите во Варна и Добрич, ќе добијат еднократна парична помош во износ од по 10.000 лева, односно 5.000 евра.

Ова денеска го соопшти бугарскиот заменик-министер за труд и социјална политика Лазар Лазаров, кој информира дека, од Агенцијата за социјална помош ќе им биде исплатен надомест на лицата од поплавените подрачја кои ќе поднесат соодветната барања за отштета.

- До овој момент се поднесени и прифатени 519 барања за отпштета на настраданите од поплавите, нагласи Лазаров, додавајќи дека од нив 226 се од територијата на Варна, 266 од Добрич, 17 од Велико Трново и 10 од територијата на Стара Загора. 

Бројот на досега поднесените барања изнесува нешто над 50 проценти од прелиминарните проценки на надлежните служби.

25.06.2014 - 16:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега