Силен ветер пустошеше во тетовско

 

Оштетено возило „Фолксваген поло“, сопственост на „ЕВН Македонија“ и прекинат кабел се последиците од паднати дрва од силниот ветар што го зафати денеска тетовското подрачје помеѓу 12 и 14 часот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Возилото на ЕВН било оштетено на влезот во селото Требош.

Од силниот ветар паднало големо дрво и го оштетило патничкото  возило „Фолксваген поло“ кое се нашло на тоа место. Од паѓањето на дрвото, оштетен бил предниот дел од возилото и набрзо по пријавувањето оштетувањето е фотодокументирано, рече Јосифовски.
                 
Според неговите информации второто оштетување се случило во близина на новото училиште во Палатица при пад на дрво што го соборило долу електричниот кабел но не предизвикало посериозни последици. Со интервенција на екипи од „ЕВН Македонија“, кабелот бил вратен во првобитната состојба.

25.06.2014 - 16:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа