Полицијата синоќа ловеше лоши момци - 4 насилници зад решетки
Полицијата во Скопје ловеше лоши момци. На улицата “Теодосиј Гологанов” лишен е од слобода е 36-годишниот Христијан Ш. од Охрид, кој се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода и 25-годишниот Ибрахим А. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години и шест месеци, тешка кражба, како 51-годишниот Ангел И. кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и четириесет дена, за сторени кривични дела „разбојништво“ и „загрозување со опасно орудие при течачка или караница“.
Постапувајќи по судска наредба, лишен е од слобода и 34-годишниот Таир И. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа