Велешанка доби 4 години затвор - не се грижела за своето дете

Двајца родители на малолетник добија вкупна затворска казна во траење од шест години, зашто го оставиле нивното дете на улица. Пресудата на несовесните родители им е изречена во Основниот суд во Велес, јавува Вест.

Како што објави весникот, мајката У. Л. доби 4 години затвор бидејќи го малтертирала малолетното дете. Таткото К.А. кој по разводот ги напуштил и сe уште е во бегство, осуден е на две години затвор за кривичното дело напуштање немоќно лице. 
Мајката на детето цела година живеела во вонбрачна заедница и воопшти не се грижела за своето дете. 
Покрај тоа што детето живеело во несоодветни услови, мајката секојдневно и сурово го казнувала. Го оставала само во станот, голо, босо и гладно, и не му дозволувала да оди на училиште и да го напушта домот.
Во почетокот, по разводот, детето му било доверено на К.А. кој, по извесно време, не можејќи да се грижи за него, одлучил да и го врати кај мајката. Кога двајцата се сретнале на една од автобуските постојки, тој и го фрлил детето на жената и си заминал, пишува Вест.

25.06.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега