Отказ за возачот на министерката поради сообраќаен прекршок

Откако случаен минувач го фотографирал возачот на министерката за сообраќај на Србија, Зорана Михајловиќ како прави сообраќаен прекршок, ресорното министерство експресно му додели отказ.
Возачот бил фотографиран како стои во спротивната насока на улицата пред зградата на Владата, а потоа, направил полукружно свртување преку две полни ленти и се паркирал на шините по кои минува трамвајот.
Фотографиите веднаш биле објавени во медиумите, а министерката не чекала туку веднаш најавила отказ
„Ние сме министерство кое треба да биде пример за сообраќајна култура и ова не смееме да си го дозовлиме“ - изјавила Михајловиќ образложувајќи го отказот

24.06.2014 - 23:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега