Прегазен пешак во Кисела Вода - еве ги деталите

 

Според првичните информации, очевидци за Пресс 24 изјавија дека најверојатно се работи за дете, но според новите информации до кои дојде Пресс 24, се работи за девојка на околу 24-25 годишна возраст која била удрена од автомобил марка Југо додека поминувала пешачки премин на булеварот Борис Трајковски, кај Тинексот во населбата Кисела Вода.

Девојката летнала неколку метри во воздух од силниот удар, а за среќа на местото на настанот се нашле двајца полицајци кои веднаш и помогнале.

Девојката со Брза помош е пренесена во болница.

Од ударот Југото е целосно смачкано.

Повеќе информации за состојбата на девојката најавуваме за подоцна.

најчитано сега