ВНИМАВАЈТЕ: Џиновскиот азиски стршлен доаѓа кон Македонија
Џиновскиот азиски стршлен дојде на Балканот. Смртоносниот инсект со портокалова глава кој може да порасне и до 8 сантиметри е забележан во повеќе балкански земји. Не е исклучена можноста климатските промени да го донесат и во Македонија.
-Сегта најновите кажувања се дека го има во Црна Гора, Србија да не збориме за Европа каде во Франција и Шпанија има смртни случаеви дава за право да бидеме правовремено информирани како ние граѓаните така и професионалните групи на луѓе кои се повеќе предиспонирани на ризикот а тоа се пчеларите, вели за Сител проф. д-р Мишо Христовски, од Ветеринарниот факултет.
Опасниот стршлен напаѓа и пчели и луѓе. Го има секаде, најчесто во пчеларници и покрај вода. Не само во самоодбрана овој инсект може да нападне и без причина. Со големото осило прави дупки како од куршум. Убодот е многу поболен од оној на обичниот стршлен, а може да биде и фатален. Во отровот има 8 токични компоненти.
-Инектира големи количини на отрови кои се токсини, делуваат на нервниот систем ... Така што класичните методи за прва помош и антишок терапијата се решение и да не ствараме многу паника, додава проф. д-р Христовски.
Експертите советуваат пчеларите задолжително со себе да носат антишок терапија, а граѓаните кои одат на одмори покрај вода да внимаваат на овие опасни смртоносни инсекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа