АРМ доби благодарница од Канцеларијата на НАТО во Скопје

 

Претставници на АРМ меѓу кои и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска со пригодна свеченост го испратија шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Александар Александров. 

Како што соопшија од ГШ на АРМ, генерал Котески  во обраќањето пред присутните на полковникот Александров му се  заблагодарил за соработката и за несебичниот и исклучителен ангажман за време на неговиот мандат како шеф на Канцеларијата на НАТО.

Полковникот Александров заблагодарувајќи се на соработката со ГШ на АРМ, истакна дека во припадниците на АРМ секогаш ќе гледа како на искрени пријатели, не криејќи ги неговите лични очекувања дека Република Македонија во најскоро време ќе стане полнопрапвна членка на НАТО, потсетувајќи на фактот дека нашата држава ги исполнува потребните стандарди за членство, се наведува во соопштението.

На свеченоста, на полковникот Александров му беше доделена средна плакета на АРМ, како и медал на НАТО за служба во НАТО операции на Балканот.

Генералот Котески му посака успех и продолжување на соработката со ГШ на АРМ и на новиот шеф на  Канцеларијата на НАТО, морнаричкиот капетан Румен Радев.

24.06.2014 - 14:00
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега