„Иванов Школо за Лидери - Алумни Асоцијација“ упати писмо до Расмусен

 
Во пресрет на НАТО самитот во септември 2014та година во Обединетото Кралство, македонската невладина организација „Иванов Школо за Лидери - Алумни Асоцијација“ 
испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, неговата екселенција г-дин Андерс Фог Расмусен, изразувајќи поддршка на аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО. 
Копии од писмото беа исто така испратени до амбасадорите на земјите членки на НАТО во Македонија, локалната канцеларија на Обединетите Нации, Меѓународната кризна група, и меѓународни невладини организации. 
 
Целите на писмото се следниве: 
 Да се изрази поддршка кон амбициите и визијата на Македонија да стане полноправна членка на НАТО 
 Да се информираат клучните претставници на НАТО околу придонесот на Македонија во мировни и безбедносни мисии 
 Да се креира поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија во пресрет на НАТО самитот во септември 2014та година во Обединетото Кралство 
 
За да го погледнете писмото кликнете на следниов линк и англиската верзија на следниов линк. За повеќе информации во прилог се 
контакт информации. 
 
Контакт: [email protected] 
24.06.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега