Летово Дојран со повеќе вода - уживајте!
Општина Дојран и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец-Полин“ направија напори да го подобрат водоснабдувањето пред шпицот на летната туристичка сезона, па така по неколку дневна интензивна работа, комуналните работници во функција повторно го ставија бунарското подрачје „Деребаш“ кој повеќе од 10 години не се користеше поради нискиот водостој на подземните води.
-Направивеме комплетно сервисирање на агрегатот со јачина од 37 киловати и на потопната пумпа со капацитет од 35 до 40 литри вода во секунда за да го решиме деценискиот проблем и да го ставиме повторно во експлоатација бунарското подрачје „Деребаш“, рече Никола Лазаров, директор на ЈПКД „Комуналец-Полин“, пренесе МИА.
Посочи дека сега водоснабдувањето е подобрено во поголем дел од Стар Дојран и дека со неодамнешното инсталирање на новите мерно-регулациони шахти ќе се зголеми квалитетот на испорака на вода за пиење и ќе се избегнат дефектите кои беа честа појава во Дојран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа