ФОТО: Сон на секој маж - Претставен е Ferrari F12 TRS

 

На годишниот настан организиран од Италијанската компанија Ferrari, именуван како „Cavalcade driving tour“, беше претставен уникатен модел на компанијата, кој бил направен по порачка на еден специјален потрошувач.

Нарачателот сакала да поседува уникатнен и специјален модел со отворен покрив, модел кој потсетува на моделот 250 Testa Rossa, од 1957 година.

Од Ferrari веднаш реагирале со моделот TRS кој изгледа многу поагресивно од стандардниот F12 модел, а позади, има проѕирен поклопец на моторот, од кој може да се видат двете цервени глави на V12 агрегатот.

Позадината на автомобилот ја покажува еволуцијата на овој модел, додека внатрешноста е минималистичка во комбинација со кожа и црн карбон за да се зачини во целост.

Кога станува збор за под хаубата, во овој склоп не може да се види KERS системот иако беше опција, но сепак потпомогнат е од атмосферскиот V12 агрегат со 6.2 литри зафатнина и 740КС и 690Њм вртежен момент.

Ги има истите перформанси како и обичниот модел со тоа што забрзува за 3.1 секунди од 0 до 100км/ч, додека за до 200км/ч му се потребни 8.5 секунди пред да постигне максимална брзина од 340км/ч.

Од компанијата сеуште не ја заокружија цената но се верува дека ќе биде околи 4.2 милиони Американски долари.

Извор: Забава

24.06.2014 - 10:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега