Стипендии од ЕВН за студентите на ФЕИТ

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска ќе ги додели 14-те стипендии што ги обезбедија АД ЕЛЕМ, ЕВН – Македонија и АД МЕПСО за студентите од електро-енергетските насоки кои навреме ја завршија првата година со просек над осум.

Стипендиите ќе ги доделат генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје, и генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов.

На церемонијата ќе бидат врачени и награди и признанија на студентите кои завршиле прва, втора и трета година со просек 9 и над 9, како и на студентите кои учествувале на домошни и меѓународни натпревари. АД ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО, пак, од ФЕИТ ќе добијат плакети за успешна соработка.

23.06.2014 - 11:10
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега