Маж од Струмичко пријавил семејно насилство

 

Дваесет и шест жртви на семејно насилство меѓу кои и еден маж пријавиле малтертирања во центaрот за пријавување семејно насилство со Струмица. Како што пишува Нова Македонија, семејното насилство во овој град оди во нагорна линија, бидејќи во 2013 година биле забележани 37 случаи.

- Годинава добивме 25 пријави за семејно насилство, а лани имаше 37. Од минатогодишните случаи, само седум побараа застапување од адвокат пред судските органи и собраа сила да побараат помош од судските органи - вели Ленче Христова од Центарот за пријавување семејно насилство, за„ Нова Македонија“.

Препорачуваат жртвите да не се плашат и да побараат помош доколку се соочуваат со семејно насилство.

22.06.2014 - 11:52
Фото: 
новамакедонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега