Одржана академија „Зајакнување на капацитетите на младите политичари на локално ниво“

 

Во организација на институтот “Павел Шатев“ и „Конрад Аденауер“ денеска во Берово беше одржана политичка академија на тема „Зајакнување на капацитетите на младите политичари на локално ниво“, на која присуствуваа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и државниот секретар за Европски прашања Јован Андоновски.

akademija500

Пред неколку месеци Институтот Павел Шатев во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер од Германија и Фондацијата Едуардо Фрај од Холандија беа домаќини и организатори на политичка академија на која бешеспроведена обука за речиси стотина лица.

- Преку таа политичка академија дадовме директна поддршка и поттик присутните учесници да ги развијат своите вештини и им дадовме  алатки на ново избраните претставници од централната власт да бидат добри пратеници и носители на други позиции во системот на власта. Сигурен сум дека она што го научија на обуката им помогна во изборната кампања и ќе им биде од корист во практикувањето на власта.Денес, неколку месеци подоцна, дизајниравме посебна Политичка Академија насловена „Зајакнување на капацитетите на младите функционери на локално ниво“. Оваа политичка академија претставува комбинација на граѓанско и политичко образование како и тренинг за лидерски способности. Нејзина главна цел е подобрување на знаењето и зајакнување на улогата на младите партиските членови и поддржувачи на политиките на ВМРО ДПМНЕ, истакна Андоновски.

1akademija500

Министерката Јанкулоска во своето обраќање пред членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не постои централна политика која може да ги покрие пропустите на локално ниво. Исто како што непостои локална власт која може да ги компезнира недостатоците од проактивна политика од проекти и од конкретни резултати на централната власт доколку централната власт не работи на начин на кој очекуваат граѓаните.

- Токму затоа често сите ние сме сведоци дека жестоки се реакциите кои доаѓаат од нашата партија кон одредени локални функционери заради непочитување на принципите на работа на ВМРО-ДПМНЕ во смисла на отчетност, транспарентност, доследност и целосна посветенос на програмата за која сме добиле легитимитет на изборите но и голема осуда на одредени функционери во централната власт од буквално најниското локално ниво тогаш кога се појвауваат грешки кога неминовно мора да бидат санкционирани. Тоа значи дека ние безразлика дали сме дел од централната или дел од локалната власт секогаш можеме да бидеме коректив на политиките и коректив на она што се спроведува на терен. Ако се обидам тука да направам паралела со нашата политичка конкуренција би рекла она што го има кај нас е токму тоа што недостасува во СДСМ. Недостасува посветеност, недостасува програма, несостасуваат проекти, и недостасув отчетност кон граѓаните, посочи таа.

21.06.2014 - 19:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега