Нема да поверувате каде го сокриле златниот накит - еве што открија цариниците на Табановце

На граничниот премин Табановце Царината вчера заплени 700 грама златен накит скриен во автомобил со српски регистарски таблички во шуплина позади касетата пред совозачкото седиште.

Како што информира Царинската управа, вчера околу 10 часот и 30 минути на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце за излез се пријавило патничко моторно возило „Фиат“ упраувувано од лицето З.К., српски државјанин, со кој патувало и лицето И.М., исто така српски државјанин. На прашањето на царинските службеници дали имаат нешто да пријаваат тие одговориле дека немаат, но при преглед на возилото во фабричка шуплна цариниците пронајшле две најлонски опаковки од кои во едната залепена со  кафена селотејп трака пронајдени се 110 парчиња златен накит меѓу кои прстени, ланчиња, нараквици, обетки, привезоци и златни медалјони со вкупна тежина од околу 662,6 грама,  додека во втората пронајдени се 1 парче Drive Box Activator-Deactivator  8 парчиња калауз клучеви.

Осомничените златото го набавиле во Грција, од лице -  српски државјанин,  кое живее и работи во Солун, со намера да го продаваат во Република Србија. Сe договориле да му пренесат и 8 калауз клучеви и еден деактиватор, со цел за таа услуга да им ја намали цената на златото. Вредноста на непријавениот златен накит изнесува 1.225.810 денари.

Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија по документирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази поднесе кривична пријава против осомничените поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Криумчарење“.

21.06.2014 - 13:04
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега