За економската фела мерките на новата Влада се во вистинска насока

Поради отворената економија која Македонија ја има со светот, во голем дел правецот на движење ќе зависи и од најголемите трговски партнери кои што ги има земјава, сметаат експертите, а пренесува МТВ1.

Владините мерки, според академската фела кои овозможуваат остварување повисоки стапки на економски раст, креирање зголем број нови работни места е исправен курс кој треба и понатаму да се следи, затоа што дава реални ефекти, зголемено ниво на странски инвестиции, поголем извоз и нови вработувања.

„Стапката на економски раст со импетусот во првите две години е конфирмирана од меѓународните финансиски институции  ќе овозможи едно натамошно квалитетно ниво од 4 до 4,5%.Ценам дека имаме можности ,а тоа го поткрепувам и со позиционирањето на светската економија која во многу има влијание врз развојот на македонската економија во сите сфери“, вели универзитетскиот професор Сашо Кожухаров.

Во фискалниот дел намалувањето на ДДВ- то за одредени групи земјоделски и детски  производи е позитивен чекор, смета Кожухаров, затоа што ќе донесе повеќекратни ефекти.

Сепак академската фела смета дека треба да бидеме внимателни затоа што Македонија има отворена економија и во многу зависи од случувањата кај најголемите трговски партнери.

„Сепак доколку проекциите ги имаат направено конзистентно со проекциите што ги имаат направено во еврозоната, посебно во најразвиените земји во ЕУ, тогаш веројатно може да се очекува такво нешто“, изјави д-р Бесник Фетаи, универзитетски професор на УЈИЕ-Тетово.

Во делот на невработеноста, потврдена е исправноста на инструментите и политиките што овозможуваат зголемено вработување на младите, но и на стечајците и повозрасните категории и лицата со посебни потреби. Земјата е отворена за сите инвеститори, вели Кожухаров, кој очекува овој позитивен тренд на странски инвестиции да продолжи и во иднина.

20.06.2014 - 19:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега