Заев молчи: Што барал на тајни средби во Грција?

 

Заев се заплетка во невистини, без одговор што барал на средби во Грција? Зошто Грција му е омилена дестинација на првиот човек на опозицијата и дали во прашање се некакви тајни договори?  Лидерот на СДСМ без одговор за тоа дека неговите посети кај јужниот сосед се поклопуваат со важни датуми за Македонија. Дали популарноста на Заев во грчките медиуми се должи токму на овие посети, за кои првиот човек на македонската опозиција остана без аргументи. Зошто одлуката на Заев за бојкот на Парламентот е “грчка национална гордост“ и зошто грчката јавност толку се интересираше за оставките на опозициските пратеници? Дали со влечењето на контрапродуктивни потези за државата се одработува за туѓи интереси можеби поради дебела финансиска причина?

Ова се прашањата кои се наметнуваат по вчерашните пишувања на Дневник дека Заев неколку наврати ја минувал македонско-грчката граница пеш, на излез или на влез и притоа некои од прошетките на лидерот на СДСМ на југ се поклопуваат со битни настани за Македонија. За овие пишувања, најголемата опозициска партија остана без конкретен одговор, а лидерот Зоран Заев без ниту еден аргумент.

Наместо конкретни и прецизни одговори на новинарските прашања поставени вчера на прес-конференција, лидерот на СДСМ се заплетка со исклучително неиздржани изјави за неговите посети на Грција, како на пример тоа дека на граничниот премин Дoјран морало да се излезе од автомобил за да се покаже пасошот и дека за тоа некој веројатно го фотографирал дека одел пеш. Дневник во пишувањата исклучиво тврди дека Заев пеш поминал, а не со автомобил.

- Сите граѓани знаат дека на преминот Дојран мора да излезете од возилото за да го однесете пасошот до бараката, што не е случај на преминот во Богородица. И многу е лесно со зли мисли некој да ве слика како излегувате од колата да го доставите пасошот внатре, рече Заев.

Одењето во Грција Заев го оправудваше и со наводното збратимување на Струмица со три општини од Грција, иако не можат да се најдат никакви негови посети на општините кои што Заев ги спомена, односно немаше никакви информации дека струмичкиот градоначалник е во посета на општините со кои Струмица се збратимила.  Запрашан дали деталите за овие посети можат да се најдат на сајтот на општина Струмица, Заев не знаеше дали истите се објавени на општинскиот сајт.

-Ако се објавени деталите може да ги најдете, ако не може да се обратите ќе ви ги дадеме детално, рече лидерот на СДСМ.

Дополнително, Заев како аргумент за неговите посети на Грција го приложи тоа што имал ќерка тинејџер, па како што рече, многу нормално било да оди во Грција.

-И на крајот јас не се кријам дека приватно одам во Грција. Секако, заедно со сопругата и со децата одам во Грција. Имам ќерка тинејџер и многу нормално е дека одам во Грција, но вистината транспарентно кажана е таа, рече Заев, одговарајќи на прашањето како го иоментира тоа што неговите посети кај јужниот сосед се поклопуваат за важни датуми за Македонија.

Дневник вчера пишуваше дека една од дестинациите на Заев е Солун. Според одговорите на Заев, дека неговите посети се должеле поради тоа што Струмица била збратимена со општини од Грција, се поставува прашањето дали Струмица е збратимена и со Солун, каде според пишувањата на Дневник, Заев таму често го милувал локалот спроти Националната банка на Грција, каде што може да се сретне и еден Македонец кој две години живее и работи во Солун.

Весникот пишуваше дека е интересно тоа што некои од прошетките на Заев на југ се поклопуваат со битни настани за Македонија.

-На 23 октомври минатата година на ГП Богородица Заев има влез во РМ во попладневните часови, односно околу 16 часот, и тоа како пешак. Што би значело тоа? Дека влегол во Грција од друг премин, можеби од друга држава, но, пак, зошто се враќа како пешак? Што, всушност, значи ова невообичаено однесување? Интересно, на 23 октомври во Њујорк почна дводневна рунда разговори за спорот за името, свикана од амбасадорот Метју Нимиц. На 14 декември минатата година вечерта Заев влегува од Грција во Македонија кај ГП Богородица со возило. Тоа се денови кога во ЕУ се подготвува заклучокот за РМ, донесен на 17 декември, со кој е утврдено дека на прашањето за почетокот на пристапните преговори на Европската комисија со РМ, „земјите-членки ќе се навратат во 2014 година, пишуваше Дневник, за што Заев излезе со неиздржани изјави и без никакви аргументи.

 

Поврзани:

ВИДЕО: Заев фатен во лага - нов гаф или манипулација?

 

Чудно: Заев во Грција оди пеш - автомобилот од 80.000 евра во гаража

20.06.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега