Безживотно тело извлечено од водите на Дрим во Струга

Безживотно тело на маж е пронајдено денеска во реката Црн Дрим во Струга.

Според првичните информации на СВР Охрид се работи за маж на возраст од 50-тина години.

- Се уште не е извшена идентификација на давеникот, но според првичните информации со кои располагаме се работи за маж на возраст од околу 50 години, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Телото било пронајдено на истекот од реката околу 18 часот, на излезот од градот.  Го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во полициската станица во Струга.

Според првичните информации, засега нема траги на насилство врз давеникот.

19.06.2014 - 21:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега