Уште 30 нови странски инвестиции и 10.000 директни работни места

Мандатарот на новата Влада, Никола Груевски очекува во наредните четири години во Македонија да пристигнат најмалку триесетина нови странски инвестиции кои ќе креираат над 10.000 директни работни места.

Во своето експозе пред македонскиот Парламент, Груевски истакна дека се очекува раст на извозот од околу 10 проценти и раст на увозот од околу 8 проценти годишно. 

- Ќе има и нови мерки со цел македонските компании да се вклучат како добавувачи на мултинационалните компании во Македонија. Поттикнувањето нов инвестициски циклус на фирмите и реализацијата на инвестициите во градежништвото ќе значи дополнителен стимул за економијата,  нагласи мандатарот при презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година Груевски истакна дека .

Владата, истакна, очекува засилување на приливот на странските директни инвестиции.

- Нивното ниво очекуваме да се движи помеѓу 350 и 430 милиони евра годишно до 2015 година и помеѓу 490 и 550 милиони евра годишно до 2018 година, под услов да не се случи некој нов надворешен шок, истакна Груевски. 

19.06.2014 - 15:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега