30.000 денари за ергените кои ќе се оженат

 

Паричен надомест од 30.000 денари ќе добијат ергените во општина Дебарца кои ќе стапат во брак. одлучи на денешната седница општинскиот Совет. Одлуката ги опфаќа сите ергени, кои имаат над 35 години и се жители на Дебарца.
 
Оваа идеја за доделување материјална помош во износ од околу 500 евра е на градоначалникот на Дебарца Игор Трајковски, и има за цел зголемување на наталитетот во општината.

Жаклина Трпеска, секретар во општина дебарца појасни дека се работи за еднократна помош, која ќе ја добијат по стапувањето во граѓански брак.

Откако ќе стапат во брак со доставување документ за склучен граѓански брак во опптинските служби, ергените кои ги исполнуваат условите, односно се со над 35 години ќе го дообијат паричниот надомест, вели Трпеска во изјава за МИА.

За зголемување на наталитетот, општина Дебарца дава еднократен паричен надомест и за секое новороденче во износ од 5.000 денари, доколку родителите се жители на општината.

19.06.2014 - 11:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега