За одмор најдобро на крајот на месецот - еве какво ќе биде времето до крајот на јуни
Конечно му се гледа крајот на врнежливото и релативно свежо време. Со почетокот на викендот ќе започне и трендот на затоплување, но и на подобрување на метеоролошките услови. Сепак, и во сабота ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Од недела па се до половината на наредната недела ќе преовладува стабилното и потопло време. Температурниот максимум ќе биде во пораст, иако нема да можеме да кажеме дека ќе настапи жешко време. Од последните прогнози, постепен пораст на температурата на воздухот ќе има се до среда, 25 јуни, а потоа се очекува мал пад на температурата, но краткотраен. Со овој пораст на температурата, максималната во првата половина од новата недела ќе има вредност околу 30°С, а во југоисточниот предел околу 33°С, пишува специјалирианиот портал за временска прогноза, МетеоПро
Како што споменавме, во поглед на временските услови, од недела се очекува стабилно и претежно сончево време. Постои мала веројатност во втората половина од наредната недела да има појава на краткотрајна и локална дестабилизација на атмосферата, но без најава за поголемо влошување на времето.
Оние кои што планираат патувања и летен одмор во последните 10 дена од јуни, се на се, нема да имаат проблеми со времето. Подрачјето на Балкаскиот Полуостров ќе има релативно добри метео услови и топло време, особено на југозападното и јужното крајбрежје.
Засега се најавува и релативно топол почеток на месец јули, но со оглед на фактот дека уште 12 дена ни претстојат до јули, прогнозите со таква временска дистанца треба да се следат со голема резерва. Затоа, следете нé.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа