ПОБРЗАЈТЕ: Опомени до фирмите и граѓаните за неплатена радиодифузна такса

Управата за јавни приходи почна со подготовка и дистрибуција на опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање на радиодифузната такса, а до сега доставени се опомени до 31.660 фирми поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.

Следната недела ќе почне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.

- Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една недела од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот, наведуваат од УЈП.

Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати.

18.06.2014 - 13:48
Фото: 
засе.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега